AirCare има над 500.000 корисници, и над 10 награди на национално и интернационално ниво, а годинава бевме прогласени и како најмлади европски иноватори од World Summit Awards за 2020!

Горјан Јовановски

 

AirCare беше сосема случајна апликација, и дефинитивно немав намера да стане свестски позната. Како студент во 2014 година, сакав да научам како да правам апликации за Anroid телефони, но сакав и мојата прва апликација да биде корисна.

Пребарувајќи на интернет, налетав на податоци за загадување на воздухот од државните мерни станици во Македонија, и сè почна од таму. Тие податоци беа доста збунувачки, и затоа ги упростив и прикажав преку апликација што секој би ја имал во својот џеб.

AirCare набргу стана позната по социјални и традиционални медиуми, ја крена јавната свест за аерозагадувањето кај граѓаните, и ги притисна дравните инстиутции посериозно да пристапат кон решавање на овој проблем.

Протести се формираа на улиците на сите големи градови, како што граѓани се будеа за сериозноста на проблемот. Од индустријата, до загревањата на домаќинствата, и дивите депонии, сите придонесуваат до канцерогена животна средина, средина што преку устав ни е загарантирана за чиста.

Благодарение на притисоците, одредени реформи се почнати, и се надевам дека ќе продолжиме со забрзано темпо на истите.

Успехот што го постивме тука, сакав да го повторам и надвор од нашите граници, па полека почнав да додавам нови земји во апликацијата. Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора беа меѓу првите. Преку локална соработка со еко организации, постигнавме прекрасна соработка, а AirCare им стана дополнителна алатка во борбата за чист воздух!

Но нашата приказна не застана тука. Денес сме присутни во 46 земји, од Америка до Австралија, со над 15.000 локации за кои секој час имаме податоци за загадувањето на воздухот.

AirCare има над 500.000 корисници, и над 10 награди на национално и интернационално ниво, а годинава бевме прогласени и како најмлади европски иноватори од World Summit Awards за 2020!

Секое признание и награда нè тера да продолжиме уште повеќе со нашата борба!

Затоа и сме многу среќни да сме дел од кампањата Обединет Балкан за чист воздух. Веруваме дека само преку заедничка сила, ќе може да постигнеме резултати и на локално и на регионално ниво.

Благодарение на апликации како AirCare, сега знаеме што дишеме, но сепак треба да ги знаеме и последиците од вдишување на токсините во воздухот. Токму тоа и го нуди кампањата, преку конкретни истражувања, податоци и бројки, што многу појасно ни ги прават дологорочните економски и здравствени последици од аерозагадувањето.

Сите имаме право да дишеме чист воздух, и заедно ќе се избориме за една зелена и чиста иднина!

 

Горјан Јовановски, Еко Активист | Креатор на МојВоздух TED Говорник