Не е невообичаено, од овие и други причини, како што е загрозувањето на животната средина, заедницата да се спротивстави на изградбата на ХЕЦ, како што е случајот со неодамнешните протести во општините Дечани и Штерпца и, пред 4 години, во општина Драгаши за проектот Еурокос и најавата за изградба на ХЕ во рамките на општина Призрени.

Гзим Баџаку

На Косово, како и во целиот регион на Западен Балкан, сите поголеми инвестиции носат печат на соработка и поврзаност помеѓу политичките претставници и бизнисите.

Малите хидроцентрали, веќе изградени или во изградба во нашата земја, не се исклучок.

Всушност, веројатноста е уште поголема, имајќи предвид дека инвестицијата за еден MW електрична енергија, произведена од вода, чини во просек 2 милиони евра. Оваа инвестиција можат да си ја дозволат само големите бизниси кои, во повеќето случаи, се директно поврзани со политиката.

Каде започнува поврзаноста на бизнисите со политиката?

Секоја постапка за апликација за изградба на хидроцентрали започнува на општинското собрание. Таму се дава потврда и се чини многу формално, но без неа не е можно да се продолжи постапката.

И тука започнуваат политичко – деловните врски.

Постојат многу случаи кога повеќе субјекти се натпреваруваат за исти локации, но без сомнение, локацијата секогаш му била одобрена на субјектот поврзан со политичкото раководство во таа општина или на оној во чие име имало влијание од повисоките инстанци.

Вториот чекор е да се достават низа барања до централните институции на Косово, главно до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тука често се случува процедурите да се одложуваат со години.

Дури и во ова, се издвојуваат потенцијалните врски помеѓу бизнисот и политиката. Во некои случаи, се успева со корупција, иако е многу тешко да се потврди.

Како се случува корупцијата?

Никој од службените лица во овие институции не бара директно пари, но бараат од соодветните институции да ја подготват потребната документација и на овој начин се дел од цената што треба да се плати за проценките на животната средина, на флората и фауната во областите близу до реките итн.

Кога ќе се обезбедат овие документи, постапката продолжува во Регулаторната комисија за енергетика.

Колку се почитува мислењето за заедницата?

На почетокот на постапката, сите кандидати кои аплицираат за да станат оператор на електрична енергија и општинското собрание треба да организира јавна дискусија со заедницата од областа каде што ќе се гради ХЕ.

Неретко, тоа е занемарено.

Не е невообичаено, од овие и други причини, како што е загрозувањето на животната средина, заедницата да се спротивстави на изградбата на ХЕЦ, како што е случајот со неодамнешните протести во општините Дечани и Штерпца и, пред 4 години, во општина Драгаши за проектот Еурокос и најавата за изградба на ХЕ во рамките на општина Призрени.

Во овие случаи, главното прашање е заштита на животната средина и обезбедување на доволна количина вода за потребите на заедницата, иако зад некои од овие протести, лежат политичките интереси на одредени групи.

 

Гзим Баџаку, новинар по професија, работел за познати меѓународни и локални новински агенции, како што се АП и Радио Слободна Европа. Во моментов работи за новинската агенција Бета.