Конфузијата на ЕУ во однос на регионот, слободниот пад на најзиниот кредибилитет е соврешена хиперсонична ракета која Европа му ја дава гратис на Путин.

Борјан Јовановски

Војната во Украина на Балканот се следи како фудбалски натпревар. На едната трибина се оние кои го подржуваат Путин на другата оние кои се на страната на Украинците. Социјалните мрежи се полни с многу емоции ,  говор на омраза и малку разум за овој “натпревар” чиј исход неизбежно во блиска иднина овие страсни навивачи ќе ги внесе на самиот терен како играчи  не спремни за игра бидејќи на стадионот дошле само за забава што историјата нема да им ја прифати како изговр и од нив ќе побара да го завршат мечот како главни играчи. Затечени во арената ќе се најдеме пред избор или да завршиме како гладијатори кои ќе се истребат до последен или во убава спортска фер плеј манифестација која ќе заврши со бетовеновата “Ода на радоста “ .

Како се одвиваат работите на фронтот изгледа дека неровазата во Москва притисната од санкции, изолација и спор напредок на нејизната армија на теренот брзо ќе расте кон неревен слом на кој ќе ја наведе да се дофати до разни алтернативни орудија кој ќе го дисперзираат фронтот низ континетот со цел да ја зголемат  вредноста на нивната преговарачка позиција. Едно од нив се бројните инсталации во овој регион.  Дел од нив активно работат веќе неколку години но сега би се ангажирали и бројните “спијачи” задолжени за кризни ситуации. Кремељ очигледно во изминатите години користејќи ја дезориентираноста на Европа си изгради ефикасна инфрастуктура која сега се препознава во стотиците опскурни медиуми кои интензивно ја шират риската пропаганда во однос на војната во Украина но и добро познатите руски наративи насочени кон афирмација на балканските атавизми. Познатите инсталации и се уште не видливите спијачи ја чекаат наредбата од Кремељ да ги активираат сите потецијали на бројните фрагилни точки во Босна, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија. За ова сценарио сите коцки се наместени чека само на активација. За илустрација во Македонија вртоглаво опаѓа подршката за ЕУ и според истражувањето на Институтот за демократија расте  подршката  за Евроазиската економска заедница на Путин за која никој ништо не знае но чист револт поради изневерените ветувања на  ЕУ ги подржува овие иницијативи. Конфузијата на ЕУ во однос на регионот, слободниот пад на најзиниот кредибилитет е соврешена хиперсонична ракета која Европа му ја дава гратис на Путин.

Втората опција е ЕУ да го искорсити овој неочекуван шок од војната во Украина која ја натера конечно да сфати дека нејзината комфорна зона е одамна во хаос кој се заканува да ги уништи темелите на европската конструкција. Ова неочекувано будење на Европа  се уште не знаеме дали ќе продолжи со мамурлук поради долгиот сон или со брзо напуштање на позицијата на која и се руши тлото под нозете. Путинповата дрскот и агресивност би требало да бидат  последното предупредување дека е нужно итно ревилализирањње на фундаметелни вредности кои ја подигнаа Европа од пепелот на Втората светска војна како и сите познати механзими за трасформација на општествата каков што беше процесот на проширувањето во почетокот на новиот милениум.. Неочекуваното единство во ЕУ кое го предизвика Путин би требало да резултира со брзо изолирање на се побројните демагошко популистички политички структури низ цела Европа и особено на Балканот кои керозинот за својот погон го снабдуваат од се понеефикасната ЕУ како во однос на нејзините граѓани така и надвор од нејзините гранцици .

Балканот е сцената на која се отрки деградацијата на европските вредности но во актуелните констелации Балканот би можел да стане и сцена на која ЕУ повторно ќе се пронајде себе си и сопствените вредности. Со оглед на се понепредвидливиот развој на ситуацијата во Украина јуни се чини како последна шанса Евеопскиот совет да донесе одлука за старт на преговори за Албанија и Македонија, интензивирање на преговарачките процеси пропратени и полтичка воља за брза интеграција на регионот. Звучи цинично и парадоксално  но во отсуство на европско лидерство Путин сосема случајно и спротивно од неговиот план да биде Карло Велики на 21 век.

 

Борјан Јовановски е новинар, поранешен дописик на А1 Тв од Брисел,  актуелен коментатор на порталот НОВАТВ , уредик и водител на емисијта Клик плус на ТВ 21 и дописник на Еуроњус од Македонија