Во последниве години, повеќето европски земји презедоа прогресивни чекори околу примената на канабис за медицински цели. Моделите на употреба варираат од држава до држава.
Ерол Билибани
Додека барав податоци што би ми помогнале да дадам контекст за овој текст, стана јасно дека ситуацијата во различни делови на светот се менува многу брзо. Додека истражував, наидов на писмо од поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, кој вели: „Дрогата е опасна, но сегашната политика за наркотици е уште поголема закана затоа што на казната ѝ се дава поголем приоритет од здравјето и човековите права“.
Ако можеме да научиме од искуствата на различни земји, повеќето од нив создадоа модели преку кои воспоставија механизми за справување со зголемувањето на бројот на корисници, а во исто време, воспоставија криминални структури кои создадоа мали империи и го потрошија државниот буџет наменет на единиците за борба против трговијата со наркотици.
Во последниве години, повеќето европски земји презедоа прогресивни чекори во примената на канабис за здравствена употреба. Моделите на употреба варираат од земја до земја; во некои од европските земји како што се Франција, Шпанија и Словенија, употребата на канабис е дозволена само за употреба на лекови со потекло од канабис за одредени болести, додека во други европски земји, како што се; Холандија, Полска, Романија, Норвешка, Германија, Италија и Грција, не е дефиниран начинот на користење на истиот за медицински цели.
Од 2001 година Португалија има применлив модел за декриминализација на дрогата, вклучително и канабис. Паралелно, тоа го зголеми финансирањето за третмани против зависност од дрога, како и за програми за комуникација преку зголемување на кампањите за подигање на свеста. По декриминализацијата, потрошувачката, купувањето и поседувањето на опојни дроги и психотропни супстанции за лична употреба започна да се казнува со парични казни.
Од друга страна, уругвајската влада ја легализира рекреативната употреба на канабис во 2013 година. Уругвајските (не-туристички) граѓани кои имаат 18 години или повеќе, и сакаат легален канабис, треба да се регистрираат како корисници и да изберат опција да го одгледуваат дома , да го набават во клубовите за социјален канабис или да го купат од овластени аптеки.
Сепак, за време на истражувањето, поголемиот дел од времето го поминав во разгледување на аргументите за и против легализацијата и би сакал да изнесам два аргументи кои ги анализираат главните придобивки или ризици од легализацијата на канабисот за медицинска употреба.
Иако противниците на легализацијата на рекреативната марихуана велат дека тоа ќе ја зголеми употребата кај адолесцентите, ќе доведе до повеќе итни медицински случаи, и ќе предизвика поголем број смртни случаи од сообраќај како резултат на возење под негово влијание, поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан го тврди спротивното, внимателно засновано на докази од Соединетите американски држави, каде што со оглед на извештаите, јасно е дека легализирањето на употребата на канабис за медицински цели не доведе до зголемување на употребата на адолесцентите, како што тврдат противниците.
Ерол Билибани е фотограф и филмски продуцент
Leave A Comment