Благодарение на овој процес, Косово и неговото претставување во светот станува сè порамноправно со другите земји.

Ерлина Коца

Берлинскиот процес, иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, започна во 2014 година со цел да се подобри креирањето политики и соработката на шесте земји од Западен Балкан: Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија. Оваа „агенда“ го вклучува и развојот на овие земји во различни сфери како што се транспортот и енергетиката, политичките и економските односи, како и „помирувањата“ меѓу нив, каде што како нов случај го имаме дијалогот Косово-Србија.

По одржувањето на низа самити низ годините, како самитот во Виена (2015), во Париз, во Тризе (2017) и во Лондон (2018), во Софија (2020), новиот германски канцелар Олаф Шолц, за првпат по преземањето на функцијата, доаѓа на Балканот за да се обиде да помогне во решавањето на некои клучни прашања кои добија зголемено значење во европските престолнини по руската агресија врз Украина.

Шолц ги поврзува една по друга посетите на Северна Македонија и Бугарија, во Скопје и во Софија, каде што завршува балканската турнеја. На следниот самит, за кој германскиот канцелар најави дека ќе се одржи во ноември, ќе присуствуваат владите на шесте вклучени балкански земји (Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија), неколку земји членки на ЕУ- (Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Италија и Словенија) и претставници на европските институции.

Според агендата, која освен во Скопје, предвидува и средби во Белград и во Приштина, јасно се покажува дека мисијата на Шолц е фокусирана на – размена на мислења за стабилноста и развојот во регионот, особено за односите меѓу Косово и Србија и за изнаоѓање решение за македонско-бугарскиот спор.

Во случајот на дијалогот Косово-Србија, овие две земји имаат предуслови за продолжување на разговорите – Косово бара признавање од Србија, додека Србија бара Косово да ги отстрани даноците.

Што се однесува до придобивките што Косово ги имаше со години од Берлинскиот процес и ќе продолжи да ги има, ги има многу. Знамето на Косово, како и на другите соседни земји, е претставено на секој форум. Благодарение на овој процес, Косово и неговото претставување во светот станува сè порамноправно со другите земји, со што има можност да соработува и да прави компромиси со лидерите на соседните земји. Потоа, членството во големи политички „групи“ за заеднички придобивки, како што е членството во Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T), каде преку оваа мрежа Косово влегува во европската транспортна мрежа. Друга можност што ја нуди овој процес е членството во Регионалната канцеларија за младинска соработка и многу други поволности.

Со надеж за комплетирање на некои од сè уште неисполнетите барања поставени со овој процес, Косово во блиска иднина ќе добие признавање од пет земји-членки на ЕУ, ќе создаде билатерален договор со Србија и ќе стане дел од Европската унија.

 

Ерлина Коца, студентка на Катедрата за новинарство при Универзитетот во Приштина