Здравствено-економската криза покажа дека е потребно активна комуникација на земјите од регионот, континуирано 24 часа, координирано од едно место, кое ќе биде во функција на поттикнување на соработка помеѓу 6-те земји во регионот.

Бранко Азески

Во период од близу една и пол година во која светот функционира во услови на најголемата здравствено-економска криза, македонската економија ја покажува својата жилавост. Има негативни реперкусии, ама има и голема борба за опстојување. Рецесии, блокади на коридорите, откажани нарачки, неможност за увоз на суровини, целосен застој на транспортот и сообраќајот. Тоа беше сликата во првите месеци од почетокот на Ковид-19 кризата. Компаниите се соочија со многу дилеми, мноштво прашања на кои се бараше одговор. Се ова беше ново за фирмите но и за Комората. Криза од невидени размери. Но тоа не не` изненади, не охрабри да се екипираме уште подобро да се поставиме во функција на фирмите, сега, веднаш, деноноќно.

Стопанската комора на Северна Македонија направи серија чекори во интерес на функционирање на бизнисот, во услови на Ковид-19 кризата да им излезе во пресрет и да обезбеди непречен проток пред се на стоките, услугите и капиталот, а се разбира и на луѓето.

По неполн месец од почетокот на кризата, на иницијатива на бизнис секторот на ниво на регионот на Западен Балкан, во средината на април 2020 година, во функција беа ставени „зелените“ коридори. ЦЕФТА најпрвин одобри листа на есенцијални стоки или стоки со примарно значење, чиј брз транспорт е оценет како суштински важен во постојната здравствена криза (прехранбени и медицински производи и опрема коишто се на листата на Светската царинска организација).

Активно се вклучивме во работата на Економскиот совет при Владата на кој заедно со претставници од стопанството, финансискиот сектор, од МАНУ, универзитетските заедници, и од опозицијата, инициравме предлози, мерки, дававме насоки и препораки за да се креираат ефикасни пакет мерки за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.

Заедно со Стопанската комора на Србија, во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум беше реализирана вакцинација за повеќе од 2.500 стопанственици од државата. КИФ и стопанските комори од регионот со доследна примена на мотото “Еден регион, една економија”, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.

4.

Општите состојби во економијата се`уште се под директно влијание на Ковид-19 и голема неизвесност, со проценки дека последици од ова зло ќе има најмалку уште 10 години. Бизнис заедницата предвидуваше и голема неликвидност, застој во снабдувањето и продажбата. Апелиравме да се подготвиме за она што претстои, а клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе почне да спласнува. Тогаш, ќе треба да се поддржат успешните компании, а такви се околу 300-500, кои се способни да влечат напред. За нив ќе треба да се креира посебен фонд, но под посебни услови – користење нови технологии и иновативни инвестициски решенија.

Ковид кризата ги извади на површина системските слабости и дефинитивно покажа дека образованието и здравството мора да станат клучни компоненти на развојот. Без здрави и образовани луѓе нема напредок на економија и државата. А токму оваа Корона криза, покажа дека тука ни се најголемите слабости. Досега приоритетните, одбраната и безбедноста, треба да станат нормални функции на државата.

5.

Здравствено-економската криза покажа дека е потребно активна комуникација на земјите од регионот, континуирано 24 часа, координирано од едно место, кое ќе биде во функција на поттикнување на соработка помеѓу 6-те земји во регионот, но и ќе работи на усогласување на процесите и воспоставување на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, што го предвидува концептот на четирите слободи на кој се заснова и единствениот пазар на ЕУ (слободно движење на лица, стоки, услуги и капитал).  Процесот предвидува засилена соработка во областите на дигитализацијата, инвестициите, иновациите и индустријата, а може да биде и движечката сила која ќе даде нов поттик за конкурентноста на компаниите од регионот во пост-пандемискиот период.

 

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија