Оваа година укажа и на неколку проблеми. Честопати постои недостиг на учество на студентите заради различни причини. Се разбира, ова ја поткопува сериозноста и етиката на универзитетот.

Анди Хоџај

Пролетта 2020 година, кога започнавме со ограничено движење, целото внимание беше насочено кон онлајн платформите, како единствено решение за образовниот систем од сите нивоа.

Како и секој почеток, исто беше и со примената на онлајн платформи за користење за едукативни цели, имаше многу пречки. Недостасуваше инфраструктура (компјутери, лаптопи, таблети или мобилни телефони). Одредени области немаа интернет. Немаше искуство за такви активности. Недостасуваа обуки и квалификации за правилно користење на платформите што беа во употреба. Тука беа и финансиските потешкотии за да се обезбедат некои од споменатите неопходности, итн.

Во одредени случаи, дури и квалификувани експерти во соодветните области, во првите моменти на пандемијата се соочија со тешкотии поради недостиг на обуки за компјутерски вештини.

Некои обуки придонесоа да се надминат некои од препреките со кои се соочивме на почетокот од пандемијата. Голем дел од предавањата и семинарите се одвиваа преку платформите. Кон средината на пролетта, властите сметаа дека мерките треба да се олабават и тоа им овозможи на аудиториумите да бидат отворени за часови. Исто така, во периодот јули – октомври 2020 година, со безбедносни мерки, сите испити беа спроведени во аудиториуми. Оваа ситуација не создаде можности испитите да се одржуваат преку Интернет во најголем дел од времето на нашите универзитети.

Беше одлучено новата академска година на универзитетите да започне преку Интернет. Универзитетите избраа неколку платформи, во зависност од нивните професионални профили и интереси. Оваа академска година започна многу поинаку од тоа како се третираше ситуацијата во нултиот момент кога започна пандемијата. Она што треба да се направи е да се обучат сите субјекти што ќе ги користат овие платформи и да се усовршат споменатите комуникации.

Покрај подобрувањата, оваа година укажа и на неколку проблеми. Честопати постои недостиг на учество на студентите заради различни причини. Дел од студентите поради деловни активности беа принудени да го напуштат присуството преку Интернет. Или пак, присуствуваат, а потоа ги напуштаат онлајн часовите, во зависност од создадените околности во организациите каде што работат. Се разбира, ова ја поткопува сериозноста и етиката на универзитетот. Во други случаи, проблемите со Интернет ги исклучуваат студентите од комуникациите за време на часовите. Понекогаш, исто така, се случува проблеми со Интернет или со електричната енергија да има и академскиот персонал, и ова сериозно им штети на квалитетот и продуктивноста на мрежните комуникации.

Имајќи предвид дека пандемијата влијае и емоционално врз учениците (а не заборавајќи ја и економската димензија на нивните семејства), за академскиот кадар треба да биде приоритет внимателната комуникација со секој студент, мотивацијата, деталното објаснување за секоја ситуација и прашање и изнаоѓањето начин и простор да им пренесеме позитивна енергија.

Иако имаме не баш малку проблеми и резерви, сите мораме да прифатиме дека за време на пандемија, онлајн наставата е единственото решение и најдобрата можна опција за комуникација меѓу просторите во образовниот систем.

 

Андреа Коџај е професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Тирана од 1987 година. Тој е автор на голем број научни трудови и на десетици научни написи во врска со економските теми од земјата.